OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI претстави нова функција за годишен преглед на активностите на корисниците на алатката ChatGPT.

Функцијата наречена Your Year with ChatGPT е наменета за корисниците на бесплатниот, Plus и Pro пакетите, под услов да им се вклучени опциите „chat history“ и „saved memories“ и да имаат остварено барем минимална активност во разговорите со апликацијата. Корисниците со Team, Enterprise и Education налози нема да имаат пристап до овој преглед.

Новата опција ќе биде достапна на избрани пазари, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Канада, Обединетото Кралство, Австралија и Нов Зеланд. Таа ќе понуди визуелен приказ на податоците, како и уникатни „награди“ засновајќи се на начинот на користење на четботот, пренесува TechCrunch.

Покрај наградите, системот автоматски генерира и кратка песна и слика што ги одразуваат интересите на корисникот во текот на 2025 година.

Годишниот преглед ќе биде промовиран на почетниот екран на апликацијата ChatGPT, но нема автоматски да се активира ниту да им биде наметнат на корисниците.

Од OpenAI истакнуваат дека искуството е дизајнирано да биде едноставно, ориентирано кон заштита на приватноста и целосно под контрола на корисниците.

Функцијата ќе биде достапна на веб-верзијата на ChatGPT, како и во мобилните апликации за оперативните системи iOS и Android.

Корисниците можат и директно да го внесат барањето „Your Year with ChatGPT“ за рачно да го активираат годишниот преглед.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни