Опен АИ воведува построги ограничувања за корисници под 18 години

Новите мерки доаѓаат во контекст на тужби за смртта на малолетникот Адам Рејн, кој изврши самоубиство по месеци комуникација со алатката ChatGPT

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција Open AI воведе серија нови правила за корисниците на четботови под 18 години, кои вклучуваат ограничување на разговорите за сексуални теми и самоповредување, според нејзиниот извршен директор Сем Алтман.

Компанијата нагласува дека „безбедноста е поважна од приватноста и слободата за тинејџерите“ и дека малолетните корисници треба дополнително да бидат заштитени, објавува TechCrunch.

Алтман истакна дека Open AI ќе развие долгорочен систем за разликување на корисници над и под 18 години, со стандард за примена на построги правила во нејасни случаи.

Според новите правила, алатката ChatGPT повеќе нема да учествува во „флертувачки разговори“ со тинејџери, а воведени се и дополнителни безбедносни мерки за разговори за сценарија за самоубиство.

Доколку малолетник користи ChatGPT за да замисли самоубиствени ситуации, системот ќе се обиде да контактира со родителите, а во особено сериозни случаи и со локалната полиција. Родителите кои ја поврзуваат сметката на детето со својата сметка добиваат можност да постават „време за блокирање“ кога ChatGPT не е достапен и да бидат известени доколку системот со вештачка интелигенција процени дека тинејџерот е во опасност.

Новите мерки доаѓаат во контекст на тужби за смртта на малолетникот Адам Рејн, кој изврши самоубиство по месеци комуникација со алатката ChatGPT.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни