Имено, откако Лили Филипс имала односи со повеќе од 100 мажи во 24 часа во луксузниот стан во Лондон што го изнајмила и сето тоа го снимила, сопственикот на вилата бил гневен.
„Сега сме информирани за тоа. За жал, не знаевме што правела во станот и немаше индикации дека нешто од ова се случило откако го напуштила објектот. За тоа дознавме дури пред неколку дена. Немаме дополнителен коментар“ рекле сопствениците на вилата.
Како што пренесува Daily Mail, Филипс прекршила бројни правила на Airbnb за време на нејзиниот престој во вилата, како што е забраната за гостите да се занимаваат со сексуална работа или да „создаваат комерцијална порнографија, фотографии или видеа“.
Куќниот ред вклучува и почитување на бројот на одобрени гости, а забранети се забави.