Онколог: Ова е единственото нешто што го додавам во речиси секој оброк

Научните проценки покажуваат дека помеѓу 30 и 50 проценти од случаите на рак можат да се спречат преку поздрав начин на живот и урамнотежена исхрана.
Yogurt with berries and muesli for breakfast in bowl on blue background

Тоа значи дека секој оброк е можност да се поддржи сопственото здравје и да се намали ризикот од болести. Онколозите нагласуваат дека здравата исхрана не мора да биде комплицирана – клучот е во свесните избори што се повторуваат секој ден.

Клучната состојка: полифеноли

Експертите посебно ги истакнуваат полифенолите – растителни соединенија со силни антиинфламаторни и антиоксидантни својства – како суштински дел од исхраната за превенција од рак.

„Полифенолите играат клучна улога бидејќи помагаат во намалувањето на воспалението. Ги има во зеленчук, овошје, зачини, јаткасти плодови и семиња“, вели онкологот д-р Мајкл Доминело за Parade. Тој, на пример, во утринското кафе редовно додава какао во прав, богато со флавоноиди, заедно со неколку боровинки, кои исто така се одличен извор на полифеноли.

„Секој залак е одлука – или го негува здравјето или болеста“

Онкологот д-р Дон Мусалем посочува:
„Начинот на кој се храниме и живееме директно влијае на ризикот од рак. Хроничното воспаление е една од главните закани.“ Поради тоа, таа се одлучила за целосно растителна исхрана, богата со полифеноли – често вклучувајќи грав, јаткасти плодови, лиснат и крстоцветен зеленчук и бобинки.

Д-р Латоња Ридл-Џонс вели дека редовно вклучува темнолистен зеленчук како спанаќ и кељ во речиси секој оброк – често ги додава во смутија и сосови. „Тоа е исто така начин децата да ги јадат без да забележат“, додава таа.

Што треба да се избегнува?

Сите тројца онколози се согласуваат и за она што треба да се избегнува:

  • ултра-преработена храна,
  • премногу шеќер,
  • алкохол.

„Секој залак е одлука – или го храни здравјето или болеста. Обидете се да јадете речиси совршено дома – на тој начин можете да изберете порелаксирано, без грижа на совеста, кога излегувате“, заклучува д-р Мусалем.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни