„One Battle After Another“ триумфираше на PGA наградите, во фокусот и историското спојување на студијата

Драмата „One Battle After Another“ на режисерот Paul Thomas Anderson ја освои главната награда на 37. издание на Producers Guild Awards (PGA), што дополнително ја зацврсти како еден од главните фаворити во актуелната наградна сезона. Филмот веќе триумфираше и на Golden Globe Awards и на BAFTA Awards, а според досегашната пракса, победникот на PGA често ја освојува и статуетката за најдобар филм на Academy Awards.

Церемонијата се одржа во Ray Dolby Ballroom во Холивуд, во организација на Producers Guild of America, а покрај филмските остварувања беа доделени признанија и во телевизиските категории. За најдобра драма беше прогласена серијата The Pitt, додека во категоријата хумористична серија победи The Studio. Анимираниот филм KPop Demon Hunters ја освои наградата во својата категорија, а за најдобар документарец беше избран „My Mom Jayne: A Film by Mariska Hargitay“.

Настанот помина и во сенка на големата деловна вест за спојувањето меѓу Warner Bros. Discovery и Paramount Skydance, договор вреден 110 милијарди долари. Со оваа зделка, која се очекува да биде финализирана во третиот квартал од 2026 година, ќе се создаде еден од најмоќните филмски конгломерати во Холивуд, со обврска за задржување на двата бренда и продукција на најмалку 30 филмови годишно за кино-дистрибуција.

Аналитичарите оценуваат дека станува збор за еден од најголемите пресврти во современата медиумска индустрија, кој би можел значително да ја преобликува филмската сцена во САД. Регулаторите во Калифорнија најавуваат детална проверка на договорот, со оглед на неговата финансиска и пазарна тежина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни