ОН: Руски напади со дронови врз цивили во Украина претставуваат воени злосторства

Русија систематски ги користела дроновите за да ги напаѓа цивилите и цивилните објекти во југоисточна Украина, заклучува новиот извештај на Комисијата за човекови права на Обединетите нации.
Law enforcement officers provide security outside Luzhniki Stadium during a concert "Glory to the Defenders of the Fatherland" in support of the Russian armed forces involved in the country's military campaign in Ukraine, in Moscow, Russia February 22, 2023. REUTERS/Shamil Zhumatov

Според истражувањето, овие напади, извршени под централизирана команда, претставуваат не само воени злосторства, туку и злосторства против човештвото.

Во извештајот се наведува дека руските сили намерно ги таргетирале цивилите, нивните домови, местата за собирање и пунктовите за хуманитарна помош, како и објектите од критична инфраструктура кои им служат на жителите. Често биле нападнати истите локации по неколку пати, а меѓу метите имало и екипи на итна помош и пожарникари.

Извештајот опфаќа три украински региони – Херсон, Миколаив и Днипропетровск – каде што во изминатата година нападите со дронови станале особено интензивни. Преку повеќе од 200 интервјуа и 500 видео-докази, истражителите утврдиле дека во тие области се убиени над 200 цивили, а околу 2.000 се повредени.

ОН наведува дека Русија користела „мали, краткодометни и евтини“ дронови со камери и системи за насочување, од кои некои експлодирале при удар, а други фрлале експлозиви од воздух. За разлика од поголемите дронови што се користат за масовни ноќни напади врз украинските градови, овие имале цел да создадат постојан страв меѓу жителите близу фронтот.

Извештајот наведува дека нападите се дел од „координирана политика за протерување на цивилното население“ и дека претставуваат злосторство против човештвото преку насилно преместување на населението. Една жителка на нападнато подрачје изјавила: „Секој ден е лотарија – дали ќе влета дрон или не. Одиме на спиење без да знаеме дали ќе се разбудиме.“

Русија не соработувала со истрагата и не одговорила на 35 писмени барања за информации и пристап. Иако руските власти постојано негираат дека целат кон цивили, извештаите на терен во изминатите четири години потврдуваат дека ракетите и дроновите често погодуваат населени места, оставајќи зад себе разрушени домови, болници и животи кои повеќе не можат да се вратат.

Извор: The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни