Најмалку две лица го загубија животот, а 186 се водат како исчезнати откако четири чамци со мигранти од Африка потонаа во водите кај Јемен и Џибути.
„Два брода потонаа доцна синоќа кај Јемен“, изјави Тамим Елејан, портпарол на Меѓународната организација за миграција. Двајца членови на екипажот се спасени, но 181 мигрант и пет јеменски членови на екипажот се водат како исчезнати.
Тој додаде дека во исто време, потонале и два брода во близина на Џибути. Пронајдени се две тела, а сите останати на бродот се спасени.
„Причината за бродоломот кај Џибути е силниот ветер“, изјави Абусатор Езоев, шеф на канцеларијата на Меѓународната организација за миграциј во Јемен.