ОН: На Мадагаскар убиени најмалку 22 лица

ОН соопштија дека протестите на Мадагаскар прераснале во крвави немири во кои животот го загубиле најмалку 22 лица, а повеќе од стотина биле повредени.

Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од стотина се повредени за време на протестите што траат на Мадагаскар, соопшти во понеделник Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации.

„Меѓу жртвите има демонстранти и случајни минувачи кои биле убиени од страна на безбедносните сили, но и лица кои страдале во текот на насилствата и масовните грабежи што следеле, а кои биле извршени од поединци и групи неповрзани со протестите,“ се наведува во соопштението на ова тело на ОН.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни