ОOН ќе ги реорганизира агенциите?

Според една од опциите, на пример, оперативните аспекти на Светската програма за храна, Детската агенција на ОН (UNICEF), Светската здравствена организација (WHO) и Агенцијата на ОН за бегалци би се споиле во еден хуманитарен ентитет.

Обединетите нации разгледуваат масовна реформа која би ги обединила главните оддели и би ги прераспределила ресурсите низ светот, според интерен меморандум подготвен од високи функционери задолжени за реформата на оваа светска организација. Меморандумот пристигнува во време кога агенциите на ОН се борат со последиците од намалувањето на американската надворешна помош под претседателот Доналд Трамп, што ги уништи хуманитарните агенции.

Документот од шест страници, обележан како „строго доверливо“, кој агенцијата Reuters имала увид да го прочита, содржи список на таканаречени „предлози“ со кои би се консолидирале десетици агенции на ОН во четири главни оддели: мир и безбедност, хуманитарни прашања, одржлив развој и човекови права.

Според една од опциите, оперативните функции на Светската програма за храна, УНИЦЕФ, СЗО и УНХЦР би биле обединети во еден хуманитарен ентитет, се наведува во документот.

Меморандумот содржи низа предлози – некои големи, некои мали, некои шпекулативни – кои, доколку се усвојат, би претставувале најобемна реформа во последниве децении.

Се предлага и спојување на Агенцијата на ОН за СИДА со СЗО, како и намалување на потребата за до шест преведувачи на состаноците. Друг предлог предвидува спојување на Светската трговска организација, која не е тело на ОН, со агенции на ОН за развој.

Еден функционер запознаен со меморандумот го нарече документот „почетна точка“.

Сепак, јазикот на интерната проценка изгледа ја потврдува оценката што и поддржувачите и критичарите на ова глобално тело одамна ја изнесуваат: дека ОН има потреба од поедноставување. Во низа забелешки, меморандумот споменува „преклопување на мандати“, „неефикасно користење на ресурсите“, „фрагментација и дуплирање“, како и премногу високи позиции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни