Олимписка шампионка во боб се слика за OnlyFans за да си ја финансира кариерата

Германката Лиза Баквиц, олимписка и светска шампионка во боб, има финансиски проблеми, па се финансира и од еротската платформа со која потпишала договор, пренесува германската прес агенција dpa.
Фото: Инстаграм

29-годишната спортистка го освои олимпиското злато во Пјонгчанг во 2018 година, служеше војска, позираше за Плејбој во 2022 година и сега потпиша договор со платформата „OnlyFans“ на неоткриена сума за спонзорство.

„Како пилот за боб, јас сум одговорна за целиот мој тим. Морам да го платам туркачот и да ги покријам трошоците за материјали за мојот боб“, објасни жената од Берлин на која ѝ требаат партнери за обука и бобот кој чини и до 100.000 евра. Сето тоа го покриваат спортистите, а федерацијата ги плаќа само патните трошоци бидејќи таа е во репрезентацијата.

„Сигурно нема да се покажам гола. Во принцип, содржината е слична на онаа на Instagram. Таму можете да ме видите во бикини или спортски градник“, рече таа и додаде дека сака на своите фанови да им даде увид во нејзиното секојдневие.

„Навистина е тешко да се најдат спонзори кои ќе инвестираат пари во мојот спорт или ќе ми ги дадат мене“, изјави Баквиц.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни