Океаните под заштита: ЕУ направи историски потег што ќе ја спаси Планетата?!

Седум земји го шокираа светот со потписот што може да ја смени иднината на морската природа.

Европската Унија и шест нејзини земји членки во Обединетите нации ги депонираа своите инструменти за ратификација на Договорот за заштита на отвореното море, информира Мисијата на ЕУ при ОН. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со ова, покрај ЕУ, кон Договорот се придружија и Кипар, Летонија, Португалија, Словенија, Унгарија и Финска, откако на почетокот на годинава тоа го сторија и Франција и Шпанија. 

Според европскиот комесар за рибарство и океани, Костас Кадис, ратификацијата на Договорот претставува историски чекор кон заштита на океаните и зачувување на рамнотежа на екосистемите на Планетата. 

Тој воедно ги повика и преостанатите земји членки на ЕУ да го следат овој пример. 

Со ова, досега 29 потписници го ратификуваат Договорот, но за негово стапување во сила е потребна ратификација од најмалку 60 од нив.  

Невладините организации се надеваа дека Договорот ќе стапи во сила најдоцна до одржувањето на Конференцијата на ОН за океаните во Ница, предвидена за од 9 до 13 јуни, но тоа е неизводливо, затоа што документот ќе стане функционален дури 120 дена по неговата 60-та ратификација. 

Договорот за заштита на отвореното море беше усвоен во јуни 2023 година по повеќегодишни преговори и негова цел е заштита на виталните морски екосистеми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни