Тесла бележи драматичен пад на продажбата во Европа од почетокот на оваа година. Бројките на продадените возила на Тесла на стариот континент се речиси преполовени во однос на истиот период од минатата година.
Наглиот пад е особено загрижувачки за Тесла и Илон Маск, бидејќи се случува во момент кога европскиот пазар на електрични возила значително расте. Имено продажбата на електрични возила пораснала за 37% во истиот период.
Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) известиштава дека Тесла во јануари 2025 продал само 9.945 возила во Европа, додека во јануари 2024 таа бројка изнесувала 18.161. Тоа е пад од 45,2%. Со ова, Тесла падна на 26. место на ACEA-овата листа на продажба по марки.
Податоците за поединечни земји откриваат уште позначајни падови:
Шпанија: пад од 75,4% (2024.: 1.094 возила, 2025.: 269 возила). Франција: пад од 63,4% (2024.: 3.118 возила, 2025.: 1.141 возила). Германија: пад од 59,5% (2024.: 3.150 возила, 2025.: 1.277 возила). Шведска: пад од 46% (2024.: 1.000 возила, 2025.: 540 возила).Холандија: пад од 42,5% (2024.: 1.610 возила, 2025.: 926 возила). Норвешка: пад од 38% (2024.: 1.000 возила, 2025.: 620 возила). Данска: пад од 40,9% (2024.: 763, 2025.: 451). Португалија: пад од 31% (нема точни бројки на продадени возила)
Помал пад имаат Велика Британија (-18%) и Италија (-13%).
Треба да се напомене дека во самата Европска Унија, падот на продажбата на Тесла е уште поголем отколку на ниво на Европа (во која се вклучени и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Британија), и тој изнесува дури 50,3%.
Овој колапс на продажбата е особено проблематичен за Тесла бидејќи конкуренцијата презема пазарен удел. Кинескиот производител SAIC Motor (власник на брендот MG) во јануари 2025. продал преку двапати повеќе возила од Тесла во Европа, со раст на продажбата од 36,8%.
Зошто се случува ова?
Аналитичарите од автомобилската индустрија истакнуваат неколку клучни причини за падот на продажбата на Тесла во Европа.
Масковиот политички ангажман се повеќе одбива европски купувачи, особено во Германија, каде што јавно ја поддржал крајно десничарската партија AfD. Во Велика Британија и други земји се појавиле реклами на улиците кои се исмеваат на Маск, а некои дури прават контроверзни историски паралели.
На еден рекламни панел во Лондон, Маск е прикажан во Тесла со подигната десна рака и натписот “Од 0 до 1939. за 3 секунди. Тесла: Swasticar”, што алудира на Адолф Хитлер и годината кога нацистичка Германија започнала инвазија на Полска.