Огромен број на луѓе на улиците на Белград, меѓу нив и поранешниот претседател и премиер Војислав Коштуница

Колоните на демонстрантите кои се одзвале на повикот на студентите во блокада, се движат низ Белград, од сите правци и делови на градот, а набљудувачите проценуваат дека станува збор за историски протест.

Атмосферата на протестите во Белград е се по напната, известуваат српските медиуми. Студентите во блокада, кои повикаа на протест, објавија дека главниот собир ќе започне пред Собранието на Србија во 16 часот, а во исто време и на Славија, каде ќе има сцена, хор и говорници. Во меѓувреме реки на луѓе се движат кон центарот на Белград, додека воените ветерани направиле штит пред Собранието на Србија, а по центарот се распоредени силни полицијски сили. Во Жаркова улица три лица се повредени при инцидент.

Колоните на демонстрантите кои се одзвале на повикот на студентите во блокада, се движат низ Белград, од сите правци и делови на градот, а набљудувачите проценуваат дека станува збор за историски протест.


На протестот е и поранешниот претседател и премиер Војислав Коштуница.

Полицијата е групирана и зад зградата на Народното собрание. Маж кој се приближил до редарите и заканувал со бомби, брзо бил приведен. На Плоштадот на Републиката и на околните улици исто така се собраат граѓани. Видлив е голем број на српски тробојки, знамиња на различни факултети, како и светосавски и православни обележја. Граѓаните донесоа и макета на надстрешница која убила 15 лица во Нови Сад. Тука ќе останат до 15 часот.

Голем број на припадници на полицијата се наоѓаат помеѓу зградата на Претседателството и Пионирскиот парк. Група на граѓани се собраа и пред зградата на РТС.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни