Неофицијално, се претпоставува дека пожарот би можел да е поврзан со низа други пожари кои денеска избувнаа низ Скопско и Кумановско, предизвикани од искрење на електрични жици под дејство на силниот ветер.
Ветрот го отежнува гаснењето, а пожарникарите се распоредени на неколку локации каде што пламените јазици брзо се шират.
Засега нема официјална потврда дали пожарот во Мршевци е директно поврзан со другите активни жаришта, ниту пак информации за евентуални повредени или материјална штета.
Надлежните служби се очекува наскоро да излезат со повеќе детали, додека локалното население стравува дека пожарите би можеле да излезат од контрола доколку ветерот продолжи со ист интензитет.