Пол Погба и официјално е нов член на Монако. Негошната мега – ѕвезда на Јувентус, Манчестер Јунајтед и селекцијата на Франција, ќе се обиде својата кариера да ја “оживее“ во кнежеството, во еден од најголемите клубови во Лига 1 и тоа по паузата откако падна на допинг.
Погба попладнево беше претставен од страна на раководството на некогашниот европски вицешампион, а беше објавено официјално дека договорот меѓу Погба и Монако е потпишан на две години.
Претходно, Погба имаше неколку понуди, една и од Саудиска Арабија, но сепак тој се одлучи да остане во Европа.