ОФФ Програма на Филозофски Филмски Фестивал – Скопје: Проекција на четири филмови од Меријам Тафакори

Тафакори комбинира филмски колаж, поезија и архивски звук и слики, создавајќи динамичен дијалог околу теми како што се меморијата, идентитетот, моќта, интимноста и отпорот. Нејзините филмови поттикнуваат критичка рефлексија и дијалог, истовремено промовирајќи го филмот како медиум за филозофско размислување.

Филозофскиот Филмски Фестивал – Скопје, ја отвара ОФФ Програмата со проекција на четири филмови од Меријам Тафакори, наградувана иранско-британска уметница и филмска авторка, чии дела се одликуваат со длабока филозофска релевантност и иновативен пристап кон филмскиот јазик.

Тафакори комбинира филмски колаж, поезија и архивски звук и слики, создавајќи динамичен дијалог околу теми како што се меморијата, идентитетот, моќта, интимноста и отпорот. Нејзините филмови поттикнуваат критичка рефлексија и дијалог, истовремено промовирајќи го филмот како медиум за филозофско размислување.
Тафакори нуди повеќеслојна леќа кон иранското кино и раскажување приказни, без да се потпира на воспоставените погледи и пракси. Деконстуирарајќи го постреволуционерниот ирански филм таа ни го открива невидливото и неговите интимни форми кои оперираат внатре во овие слики во движење и кои успеваат да ја заобиколат постоечката цензура. Со својата идеосинкретична филмска естетика и поетичен визуелен јазик, Меријам создава феминистички контра-архиви кои го предизвикуваат и Источниот и Западниот кинематографски поглед.


Програма на настанот: Irani Bag (2021, 8 минути), Nazarbazi (2022, 20 минути), Code Names (2022, 21 минута), Mast-del (2023, 18 минути)

После филмовите ќе следи онлајн разговор со Меријам Тафакори. Модератори на разговорот ќе бидат Ивана Мирчевска и Ѓорги Пулевски.

Меријам Тафакори е визуелна уметница и филмска режисерка родена во Иран, чии дела/ чија практика комбинира/ат поезија, архивски материјали и шпекулативна документаристика. Нејзините филмови и видео есеи истражуваат теми како цензурата на телото, интимноста и историјата, особено во контекст на постреволуционерната иранска кинематографија.

Нејзиниот филм Mast-del премиерно беше прикажан на Directors’ Fortnight во Кан и беше вклучен меѓу најдобрите кратки филмови и видео есеи на 2023 година. Нејзините дела се прикажувани во водечки институции како MoMA, Tate Modern, LUX London, како и на престижни фестивали, меѓу кои Locarno, Toronto и New York Film Festival.

Тафакори е добитничка на бројни награди, вклучувајќи ја Film London Jarman Award (2024), Gold Hugo (Chicago IFF), Tiger Short Award (Rotterdam IFF) и Barbara Hammer Feminist Film Award (Ann Arbor FF).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни