Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива отежнато

Поради одрон, утрово од 6:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Р1301 Охрид – Свети Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Свети Наум, се одвива по една коловозна лента.

Надлежните служби апелираат до возачите да управуваат внимателно и да ја прилагодат брзината сè додека не се расчисти одронот и не се воспостави нормален сообраќаен режим.

Според информациите, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без пречки, по суви коловози. Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од државата.

Потсетување дека од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, независно од временските услови.

Од АМСМ апелираат на внимателно управување, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината, особено на делниците низ клисури, речни долини и котлини, каде постои зголемен ризик од одрони. Како критични се посочуваат правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: 24инфо.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни