,,Однадвор кон центарот” – фестивалот ЛОКУМ ФЕСТ во Јавна соба

Во соработка со битолскиот фестивал за музика и традиција ЛОКУМ ФЕСТ ќе се одржи концерт на два бендови овој петок од 21 часот. во Јавна соба Настапуваат музичките групи ВЕДАН КОЛОД од Русија, а веднаш по нив и РЕГЕТИКО ПРОЕКТ од Грција.

Во соработка со битолскиот фестивал за музика и традиција ЛОКУМ ФЕСТ ќе се одржи концерт на два бендови овој петок од 21 часот. во Јавна соба. Настапуваат музичките групи ВЕДАН КОЛОД од Русија, а веднаш по нив и РЕГЕТИКО ПРОЕКТ од Грција.

ВЕДАН КОЛОД е семеен фолк музички бенд. Црпејќи инспирација од старите сибирски народни традиции, овој бенд има привлечено импресивна глобална култна публика и има одржано бројни турнеи низ Русија и Европа. Еден од членовите на бендот, Валериј Наришкин, реставрира ретки народни инструменти како што се Скитската харфа (единствена од ваков вид!), зурла, гајда, вириглавка и други. Веден Колод изгради кариера спротивставувајќи се на критиките и цензурата, создавајќи нова и провокативна музика што го отсликува пркосниот дух на прогресивната креативност во современа Русија. Оваа година бендот одбележува 20 години постоење.

Музиката на РЕГЕТИКО ПРОЕКТ пак, е средба помеѓу фолк фјужн и светски џез, со бројни референци на медитеранските музички традиции и различни етнички тонови, и кинематографски раскажувачки дух, со строго оригинални композиции од самите членови. Бендот е формиран во 2015 година и досега има издадено 3 албуми.

Влезот за концертот е СЛОБОДЕН, а карти може да се резервираат на 078 250 554 или во директна порака на Јавна соба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни