Повторно е одложено враќањето на Земјата на двајцата астронаути на американската вселенска агенција НАСА, кои моментално се на Меѓународната вселенска станица, соопшти НАСА. Сунита Вилијамс и Бери Вилмор се заглавени на Меѓународната вселенска станица (ISS) од јуни поради технички проблеми со вселенското летало Старлајнер. Двајцата требаше да останат на ISS само околу една недела.
НАСА тогаш објави дека тие треба да се вратат во февруари 2025 година, но агенцијата сега соопшти дека лансирањето на нивните замени е одложено.
СпејсИкс Crew-10 на НАСА сега цели на лансирање со четири членови на екипажот кон Меѓународната вселенска станица не порано од крајот на март 2025 година.
Презакажувањето им дава време на тимовите на НАСА и SpaceX да ги завршат сите подготовки за лансирање на новото вселенско летало Dragon за мисијата. Мисијата Crew-9, која ги вклучува Вилијамс и Вилмор, ќе се врати по пристигнувањето на мисијата Crew-10. Познат како период на предавање, овој временски интервал му овозможува на стариот екипаж да ги сподели сите научени лекции со новопристигнатиот екипаж и подобро да го префрли научното истражување и одржување во вселенскиот комплекс, објави НАСА.
Според НАСА, меѓународната вселесна станица е добро опремена со се што му треба на екипажот, вклучувајќи храна, вода, облека и кислород.