Одложен почетокот на производството на евтиниот Tesla Model Y во САД

Tesla го одложува стартот на производството на поевтина верзија од најпродаваниот електричен SUV – Model Y – која требаше да се произведува во САД, дознава Reuters од три независни извори.
Фото: Alexander Migl, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Новата верзија, внатрешно означена како „E41“, претставува поедноставен Model Y и е дел од стратегијата на Tesla за масовно достапни електрични возила, што треба да го зголемат опфатот на корисници и да ја стабилизираат продажбата, која во последните квартали бележи пад.

Производството во САД првично беше планирано за почетокот на 2025, но според новите информации, најверојатниот почеток е одложен за третиот квартал или дури за почетокот на 2026 година. Засега нема официјално објаснување за доцнењето.

Tesla има амбициозен план да произведе 250.000 примероци од евтиниот Model Y во САД во текот на 2026 година. Компанијата планира истата верзија да ја произведува и во Кина и Европа, а за кинескиот пазар се очекува E41 да биде до 20% поевтин за производство од освежениот Model Y.

Покрај тоа, Tesla подготвува и минималистичка верзија од Model 3, со цел да го прошири своето присуство на пазарот со поевтини EV модели.

Одлуките доаѓаат во време кога Tesla се соочува со првиот годишен пад на продажбата и со критики кон Илон Маск поради неговите политички ставови и блиски релации со Доналд Трамп и европски десничарски лидери.

Во фокусот е и развојот на нова платформа за електрични возила со цена до 25.000 долари, која е ставена во втор план поради приоритетот на т.н. „роботакси“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни