Д Фестивал, Дојран

Одлична забава на вториот фестивалски ден со Peach Vise, Sanatorium, LD Pistolero, Lil Pump, Floоder,Vagina Corporation

Peach Vise, Sanatorium, LD Pistolero, Lil Pump и Floоder, вчеравечер го преполнија просторот пред главаната сцена на Д фестивал, на вториот фестивалски ден на најголемиот и најомилен летен фестивал во земјава.

Санаториум/ фото /Zewlean Icarus, Д Фестивал

Забавата на главната сцена започна со Peach Vice кои со нивните хардрок-панк-метал-рокенрол-џез рифови ја освоија публиката и најавија одлична забава која траеше до утринските часови. По нив наспатапија „Санаториум“ со моќна енергија која ја пренесоа на публиката. LD Pistolero настатпи на главната сцена во придружба со ДЈ Гоце и R.O.N.I.N со уште еден еден епски рап концерт на Д Фестивал.

Lil Pump, американскиот артист и предводникот на SoundCloud рап генерацијата, еден од ретките артисти кои имаат песна со над 1 милијарда прегледи, добитник на награди за најдобар артист и песна на Billboard и MTV музичките награди. Како последен настапи DJ Flooder, еден од највлијателните ДЈ-и на македонската клубска сцена. За жал настапот на Hot Since 82 беше откажан.

Lil Pump/ Zewlean Icarus, Д Фестивал

На останатите фестивалски сцени во кампот, забавата траеше во текот на целиот ден со настапи на познати имиња од домашната и странска сцена како и артисти кои својот прв настап го имаат токму на Д Фест.

Yin Yin/ Фото: Ана Павловска/ Д Фестивал

Стејџот „Мosquito“ го отворија Yin Yin, хиперкреативни музичари од Холандија кои го прават вистинскиот микс на психоделичен рок, фанк, диско и јужноазиски мелодии, препознатлив во нивните три албуми: Mount Matsu (2024), The Age Of Aquarius (2022), The Rabbit That Hunts Tigers (2019). Креативни мајстори кои веќе ја освојуваат Европа и ја фрлаат во светот на вистинска музичка авантура, годинава за прв пат беа дел од Д Фестивал. 

Санаториум/ Zewlean Icarus, Д Фестивал

По нив настапија одличните Vagina Corporation кои веќе ја освоија публиката низ Македонија и регионот со своите 2 албума и концертен албум „Ако не слушавте“, кој ги надмина границите на нормален мултимедиски проект, претставувајќи еден удар кон нормалните пристапи и еден обид да се пробие низ завесата на конвенционалното музичко творештво.

Легендарните Bad Copy, најоткаченото хип-хоп трио од Србија ја донесе вистинската хип-хоп енергија на „Mosquito Stage“ до доцна во ноќта.

Peach Vise/ Zewlean Icarus, Д Фестивал

На „Smooth Stage“ забавата започна од 11 часот со настапот на Secreet Sound, по што седеше настапот на одличниот средношколски бенд „Црно Собрание“, DJ Charlie, Kruel, Lilit со нивната интересна музика спој на џез и блуз ноти, и за крај настапот рок групата Културно уметнички работници – К.У.Р. кои неодамна го одбележа јубилејот од нивната 25-годишна активната работа.

Lil Pump/ Zewlean Icarus, Д Фестивал

На „Lake Awake“ сцената настапија DJ Goce, DJ Strajk, DJ DJ Chvare и Bad Copy, додека „BravoStage“ беше резервирана за Vikajmekakosakas, Anastas, Vice Vercia, DJ Bazz, Avgust и DJ Boko.

Фото: Ана Павловска/ Д Фестивал

Покрај музичката програма, вчера на „Д фест“ се гледаше и фудбал, се вежбаше јога, а свое ќоше со игри, квизови и едукативна програма имаа Бреинстер, истражувачкото друштво на студенти биолози, „Чудна шума“, Центарот за Младински Активизам – Крик, невладината организација Хера, Екуалити и многу други.

Фото на насловна: Zewlean Icarus, Д Фестивал

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни