ОДИХР: Србија е должна да овозможи мирно собирање без неоправдана или прекумерна полициска сила

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) објави дека српските власти мора да овозможат „мирни собири без неоправдана или прекумерна употреба на полициска сила“, со оценка дека „промовирањето на дијалогот и одговорноста е најдобриот начин за деескалација на моменталните тензии“.

„Србија има обврска да овозможи мирни собири без неоправдана или прекумерна употреба на полициска сила и да спречи насилство – во согласност со своите обврски за човекови права“, напиша ОДИХР на социјалната мрежа X.

Како што е наведено на крајот од краткото соопштение, „промовирањето на дијалогот и одговорноста е најдобриот начин за деескалација на моменталните тензии“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни