Од студентски проект до глобален дигитален гигант – Фејсбук слави 22 години

Фејсбук денес одбележува 22 години од основањето. Од TheFacebook на Харвард до глобална платформа со милијарди корисници и дел од Meta.

Една од највлијателните социјални мрежи во историјата на интернетот – Фејсбук, денеска одбележува 22 години од своето основање.

Платформата е основана на 4 февруари 2004 година на Универзитетот Харвард, од страна на Марк Цукерберг, заедно со неговите колеги Едуардо Саверин, Дастин Московиц, Ендру Меколум и Крис Хјуз, кои одиграа клучна улога во раниот развој на мрежата.

Во почетокот, социјалната мрежа го носеше името TheFacebook и беше наменета исклучиво за студентите на Харвард. Наскоро, таа се прошири и на други универзитети, а потоа и на пошироката јавност, поставувајќи ги темелите на нова ера во онлајн комуникацијата.

Со текот на годините, Фејсбук израсна од мал студентски проект во глобална платформа со милијарди корисници, драматично менувајќи го начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат информации и консумираат дигитална содржина.

Во 2021 година, компанијата го промени своето име во Meta Platforms, со што го најави фокусот кон развој на нови технологии, виртуелни простори и метаверзумот, додека Фејсбук останува една од нејзините клучни и најкористени услуги.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни