Студентите во Србија продолжуваат со блокади и протести. Секој ден во 11:52, студентите заедно со граѓаните и средношколците, со „15 минути тишина“ им оддаваат почит на 15 жртви на несреќата во Нови Сад, кога на 1. ноември падна надстрешница на Железничката станица.
Во Белград студентите оставија учебници пред Министерството за образование како поддршка за средношколците.
Во Ниш, студентите го блокираа Мост на младоста, а во Нови Сад се собраа пред зградата на РТВ. Претходниот ден студентите блокираа раскрсница кај ТЦ „Променада“, а седницата на Собранието на Нови Сад беше повторно одложена. Студентите ќе се појават пред Собранието и во понеделник.
Колку ќе траат студентските блокади ќе зависи од тоа колку брзо институциите ќе ја завршат својата работа, изјави студентот од Филозофскиот факултет во Нови Сад, Борис Којиќиновиќ.
„Кога (претставниците на власт) ќе разберат дека не се ќе се продадеме за станови, тогаш можеби ќе почнат да работат на исполнување на нашите барања“, рече тој, нагласувајќи дека студентите се решени да истраат во борбата.
На студентите им се приклучија и нивните професори, просветните работници, уметниците, земјоделците, глумците…Поддршката е се помасовна. На минатонеделниот протестен собир на Славија според некои проценки имаше бројка од 100.000 луѓе.