На Reddit неодамна зсе отвори приказна која не е само носталгија, туку вистинска математика за тоа колку всушност чини еден автомобил, изразено во она со кое сите ние добро го разбираме: во плати. Резултатите се изненадувачки.

Крајот на Југославија: Автомобилот како луксуз
Кон крајот на постоењето на поранешната држава, нов автомобил бил вистински луксуз за поголемиот дел од граѓаните. На патиштата доминирале возила од крагуевачката „Застава”, додека западните автомобили биле вистинска реткост.
Најевтиниот автомобил на пазарот бил Фијат 126 „пегличката” за кој требало да се одвои 19 просечни плати. Но вториот најевтин модел, „Југо 45 корал”, чинел дури 30 просечни плати. Само за основна верзија.
А ако сакавте одредена боја, тоа подразбирало „почестување” на продавачот испод тезгата со најмалку 100 германски марки. Без тоа, на испорака се чекало со месеци.
2004: Пазарот се отвора, „Клио” станува bestseller
Со влезот во 2004 година, пазарот го обележале акции „старо за ново” и Рено „Клио” станал апсолутен бестселер. Иако тогаш честопати без клима-уред, новиот „Клио” чинел околу 9.200 евра и за него биле потребни 17 просечни плати. Речиси двапати помалку отколку за „Југо” во осумдесеттите.
Напредокот бил видлив.
Денес: Поевтино во плати, поскапо во евра
Денешниот пазар изгледа поинаку. Нов автомобил под 15.000 евра е вистинска реткост. Новото „Клио” во меѓувреме пораснат во попростран семеен автомобил стартува од 16.790 евра за основна верзија од 65 коњски сили, која е всушност послаба од моделот од 2004 година.
За споредба: 30 плати во Југославија, 17 во 2004, 12 денес. Бројките одат надолу.
Но дали е навистина полесно?

Математиката вели да. Животот,не секогаш.
Во Југославија платата барем покривала кирија, сметки и храна пред да почнете да штедите за кола. Денес, со цените на животот кои растат побрзо од платите, 12 плати на хартија не значат 12 месеци штедење туку многу повеќе.
Покрај тоа, новата генерација електрични автомобили „Фијат Панда” и Рено електрични модели се очекува да чинат помеѓу 14.000 и 20.000 евра за основни пакети, со можни државни субвенции. Теоретски, тоа ја спушта границата на пристапност. Практично зависи колку субвенциите ќе бидат реални.
Едно е сигурно: во Југославија за „Југо” се плаќало со трпение, врски и германски марки испод тезгата. Денес се плаќа со кредит и камата. Прогресот постои. Само е покомплициран отколку што изгледа на прв поглед.