Европската комисија објави листа на американски производи кои би можеле да бидат подложни на реципрочни тарифи од страна на ЕУ, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царински тарифи од 25 проценти на челик и алуминиум.
Листата на потенцијални производи кои би можеле да бидат предмет на тарифи беше објавена од страна на магазин „Политико“, а на 99 страници доминираат месо, овошје и зеленчук, алкохолни пијалоци, но и други производи.
Интересно, на листата се најдоа и никотински вапови, фластери, мастики, но и женски неглижеа односно секси долна облекла.
Исто така, листата вклучува и облека за активности на отворено, шатори, мотоцикли, домашни апарати, но и машини за чистење на снег.Таквите списоци обично се осмислени за да предизвикаат економска штета на федералните држави во кои доминираат републикански законодавци, кои би можеле да вршат притисок на Трамп да се откаже од својот трговски војна. Инаку, сериозните трговски бирократи признаваат дека составувањето на вакви списоци е најзабавниот дел од нивната работа.
Претходно во средата, Европската комисија ја објави одлуката за контратарифи кои покриваат 26 милијарди евра извоз од ЕУ.
„Длабоко жалиме поради оваа мерка. Тарифите се даноци. Тие се лоши за бизнисот, а уште полоши за потрошувачите. Овие тарифи ја нарушуваат снабдувачките ланци. Тие носат неизвесност за економијата“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Мерките на ЕУ ќе се имплементираат во два чекора.
Ако не се постигне договорно решение, од 1 април ЕУ ќе ги повтори мерките како одговор на американските тарифи во вредност од 8 милијарди евра — вклучувајќи легендарни американски производи како мотоцикли Harley-Davidson, бурбон и фармерки.
Исто така, од средината на април се планирани дополнителни контрамерки во износ од 18 милијарди евра американски тарифи, со одобрение на земјите членки на ЕУ.
До средината на април, ЕУ ќе воведе нов круг контрамерки како одговор на американските тарифи. Ова ќе влијае на американскиот извоз во вредност од до 18 милијарди евра, што ќе го направи вкупниот одговор на ЕУ 26 милијарди евра, што одговара на размерот на американските тарифи.