Од денес задолжително плаќање во евра во Бугарија: левот излегува од употреба

Од 1 февруари еврото стана единствена официјална валута во Бугарија. Левот излегува од употреба, а двојното прикажување на цените останува до август 2026.

Од денес, 1 февруари, еврото официјално станува единствена законска валута во Бугарија, додека бугарскиот лев повеќе не се прифаќа за плаќање стоки, услуги и други финансиски обврски, соопшти Министерството за финансии на Бугарија.

Според Законот за воведување на еврото во Бугарија, цените на производите и услугите ќе продолжат да бидат истакнати и во евра и во лев сè до 8 август 2026 година, со цел да се обезбеди транспарентност и да се спречат шпекулативни зголемувања на цените, пренесуваат бугарските медиуми Novinite.

💱 Размена на леви без провизија

Граѓаните кои сè уште поседуваат бугарски леви ќе можат бесплатно да ги разменат во банките и во „Бугарските пошти“ до 30 јуни 2026 година.

По овој рок, Бугарската народна банка (БНБ) ќе продолжи да обезбедува бесплатна и неограничена размена на леви во евра, без временско ограничување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни