Денес во Белград започнуваат веројатно најголемите студентски протести во историјата на Србија, после кои, според многумина ништо повеќе нема да биде исто. Студентите во блокада вчера објавија целосен план за утрешниот протест во Белград и локациите од кои ќе тргнуваат.
„На картата се означени локациите каде ќе се собира народот и од каде заедно ќе тргнат на протест пред зградата на Народното собрание на Република Србија во 16 часот“, соопштено е на Инстаграм.
Тргнувањата ќе бидат од Автокоманда, Булеварот Крал Александар, плоштад на Републиката и кружниот тек на Нов Белград кај општината.
Тргнуваат во 13 часот, а во 16 часот треба да стигнат пред Собранието на Србија.
Студентите упатија и апел до Министерството за внатрешни работи да ја преместат „шаторската населба“, во која се наоѓаат студентите кои „само сакаат да учат“, од Пионерскиот парк пред протестот на 15. март. Меѓутоа, камперите претходно одлучиле да останат на својата позиција, пред која сега се паркирани повеќе десетици трактори.
Студентите во блокада исто така се оградија од сите поединци, групи и организации кои се обидуваат да го искористат нивниот протест за остварување на политички цели.
Изминативе денови во главниот град на Србија беше тензично и хаотично, велат студентите со кои контактираше Трн. Тие велат дека веруваат во промени и нема да отстапат од барањата кои ги поставија пред неколку месеци.
Во меѓувреме поддршка на студентите пристигнува од сите страни. Актерите Славен Дошло, Гордан Киќиќ и Бане Трифуновиќ се само некои од оние кои денес ќе се приклучат на протестот. Актерот Драган Гаги Јовановиќ напиша и песна за студентите.
Алексеј Бјелогрлиќ е еден од актерите кои редовно објавуваат снимки од протестите, како и повик за 15 март.
Студентите ги поддржаа и бројни музичари.
Жика од „Баба“ на својот концерт ја започна песната со повик „пумпај“, а публиката ја прифати.
Žika je počeo svirku sa puumpaj, između dve pesme publika je vikala pumpaaaj.
— Vesna M. (@MdVesna) March 14, 2025
Evo je najskuplja.❤️ pic.twitter.com/oy7V3M317u
Електрични оргазам објави пост со поддршка за студентите, а на страната на младите академци се и ККН, Сајси МЦ, Бојана Вунтуришевиќ, Констракта…
Hvala Gile 💞💞💞
— Na prvoj liniji (@zao_los) March 13, 2025
Igra rokenrol cela Srbija pic.twitter.com/a1e5UjlCGe
Повик за протести упати и Релја Поповиќ. Својата публика на протест ја повикаа и Топалко и Сека Алексиќ.
Поддршка стигна и од балкански музичари Северина, Нина Бадриќ, Дубиоза Колектив…
Студентите од самиот почеток ги поддржуваат и готвачи. Бранко Кисиќ, кој поради своето ангажирање на протестите доби отказ од емисијата на ТВ Прва, како и Лепи Брка. Протестите ги поддржаа и Јован Мемедовиќ и Бранко Станковиќ.
Неколку професионални здруженија и културни институции изразија поддршка за протестите, вклучувајќи:
Професионални здруженија: Српско лекарско друштво, Стоматолошка комора на Србија, Адвокатска комора на Србија, Здружение на писатели на Србија, ПЕН центар Србија, Здружение на драмски уметници на Србија, Здружение на филмски сценаристи на Србија, Здружение на композитори на Србија, Здружение на музички уметници на Србија, Здружение на џез, поп и рок музичари на Србија, Здружение на книжевни преведувачи на Србија и ИКОМ Србија
Од театрите и оркестрите, студентите ги поддржаа Народно позориште во Белград, Белградска филхармонија, Белградско драмско позориште, Југословенско драмско позориште, Позориште на Теразија, Ателе 212, Звездара театар, Театар на Брудо, Театар „Бошко Буха“ и „Душко Радовиќ“, Српско народно позориште во Нови Сад, Оркестарот на Операта Српското народно позориште, Новосадски театар, Театар на младите на Нови Сад, Народен тетатр во Ниш, Нишки луткарск тетатар, Књажевачко-српски театар, Крагујевачко детски и младински театар, Народен тетатар Сомбор,, Народен театар Зрењанин и Пулс театар Лазаревац како и музичките фестивали: EXIT фестивал и Нишвил џез фестивал.