„Оваа тура ја возиме како поддршка за студентите во Србија. Ни се придружуваат и Срби од Белгија и Луксембург – некои на целата рута, а некои на поединечни делници“, соопштуваат велосипедистите.
Тимот од Бенелукс се состои од 10 до 20 учесници, од кои дел ќе ја извозат целата рута, додека други ќе се приклучуваат на различни етапи. На секоја станица ќе бидат пречекувани од граѓани кои ја поддржуваат иницијативата. Дополнително, дел од дијаспората директно ќе отпатува до Стразбур за да ги пречека српските студенти велосипедисти.
Турата започнува од Универзитетот во Амстердам, а велосипедистите ќе направат симболични паузи пред важни политички институции – како Амбасадата на Србија во Хаг и зградата на Европската Унија во Брисел, пред да ја завршат својата мисија во Стразбур.