Сите Европјани кои планираат да патуваат во САД по 30 септември 2025 година ќе се соочат со зголемени трошоци за влез, поради новите поскапувања на административните такси.
Главно поскапување: ESTA
Најголемото зголемување се однесува на Електронскиот систем за авторизација за патување (ESTA), кој го користат државјани на над 40 земји вклучени во Програмата за укинување на визи (Visa Waiver Program) – меѓу кои се Хрватска, Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија и други европски држави.
Досегашна цена на ESTA: 21 долар, а нова цена (од 30 септември): 40 долари
Зголемени такси и за копнен влез
Патниците кои влегуваат во САД преку копнени гранични премини исто така ќе плаќаат повеќе. Таксата за I-94 формуларот (регистрација на влез/излез) се зголемува: Стара цена: 6 долари , а нова цена: 30 долари
Дополнително, патниците од Кина ќе мора да платат 30 долари за Електронскиот систем за ажурирање на визи (EVUS).
Причини за зголемувањето
Овие мерки доаѓаат во време на пад на меѓународниот туризам кон САД. Според Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC), САД ќе изгубат околу 12.5 милијарди долари од потрошувачката на странски туристи во 2025 година – што ги прави единствената земја од 184 анализирани со предвиден пад.
Најава за дополнителна такса
Се разгледува и воведување на т.н. „такса за интегритет на виза“ во износ од 250 долари, која ќе важи за државјани на земји надвор од Програмата за укинување на визи. Министерството за домашна безбедност на САД потврди дека имплементацијата бара меѓуагенциска координација.