„Очи ангелски“ се враќа со нов сјај: Ареа и Young Dadi во нова верзија на култниот хит

Ареа и Young Dadi ја оживуваат легендарната песна „Очи ангелски“ во современа верзија, со нов спот и најавен голем концерт на 8 ноември во „Јане Сандански“
Angel Angelovski photo

Дваесет и пет години по оригиналот, култната песна „Очи ангелски“ на Ареа добива нов живот преку современа интерпретација во соработка со Young Dadi. Новата верзија, која беше објавена на 29 октомври, е дел од одбележувањето на 25 години од легендарниот албум „Врати на имагинација“, а придружува и нов видео спот во продукција на TAKAT Studios.

Режијата е на Александра Костадиновска, со Борис Ралев зад камерата, а во видеото се појавува актерката Мартина Марковска. Спотот е визуелно современ, но ја задржува емотивната атмосфера на оригиналот, спојувајќи ја носталгијата со урбаниот ритам на новата генерација.

Мене оваа песна ми е омилена – изобилува со емоции и спомени. Дваесет и пет години летаат, но музиката останува вечно млада. Мило ме е што по толку време повторно ѝ даваме нов живот, овој пат заедно со Young Dadi,“ вели Ружица од Ареа, потсетувајќи дека „Очи ангелски“ била создадена токму во периодот кога бендот се враќал на македонската сцена.

Angel Angelovski photo

Таа додава дека иницијативата за преработката дошла од новиот соработник:
Young Dadi изрази желба да направи модерна верзија. Мислам дека ова е прекрасен начин да ја доближиме песната до новата публика што слуша хип-хоп и рап. Музиката треба да поврзува генерации, а не да ги дели.

Angel Angelovski photo

Young Dadi вели дека соработката му била огромна чест, но и голем предизвик:
Кога слушнав дека ќе работам со Ареа, бев под голем притисок – сепак, тоа е култен бенд. Сакав сè да биде совршено, од текстот до звукот. Јас израснав со нивната музика, ја слушав на сите забави и журки, па ова за мене има лично значење.“

Angel Angelovski photo

Песната веќе предизвикува позитивни реакции кај фановите, кои ја опишуваат како „совршен спој на минатото и сегашноста“. Новото издание е објавено под етикетата Avalon International Booking © 2025.

Во пресрет на јубилејниот концерт закажан за 8 ноември во Спортскиот центар „Јане Сандански“, Ареа ќе го прослави 25-годишниот јубилеј на албумот Врати на имагинација“, кој конечно ќе добие и свое винил издание.

Angel Angelovski photo

Ова е еден од најзначајните македонски албуми по распадот на Југославија и заслужува луксузно винилно издание. На концертот ќе го прославиме тој јубилеј со сите фанови кои не можеле да бидат таму пред 25 години,“ вели Бобан Милошески од Авалон.

Настанот ќе биде придружен и со специјален „meet & greet“ момент со членовите на бендот и фановите. Концертот е можност да се слави македонската музика, спомените и иднината што ја создаваат новите генерации артисти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни