Наводно, тој го покажал поздравот на Хитлер во Бундестагот и при тоа ги спол петите – сега обвинителството во Берлин поднесе обвинение против пратеникот на Алтернатива за Германија (AfD) Матијас Мосдорф.
Пред тоа во октомври, Парламентот му го одзеде имунитетот на 60-годишникот, кој ги отфрла обвинувањата, пренесува dpa.
Истражителите го обвинуваат за употреба на неуставни симболи.
Поточно, во 2023 година, за време на седницата на Бундестагот, тој поздравил колега од партијата со забранет гест во соблекувалната.
Кога бил прашан за ова, Мосдорф изјавил дека обвинението е „апсурдно“ и „ништо не е побесмислено од ова обвинение“.
Во последните месеци, Мосдорф имал проблеми и во рамките на пратеничката група.
Поранешниот портпарол за надворешна политика на парламентарната група на AfD морал да плати внатрешна казна од 2.000 евра кон средината на септември за патување во Русија за кое немал одобрение.
