Во наставата во редовните основни училишта во Македонија вклучени се 2.000 ученици со попреченост. Во средните училишта околу 300. Од друга страна, како што најави министерката за образование, Весна Јаневска, ангажирани се 815 асистенти, а во тек е постапката за уште 200. Тоа значи дека во моментов 200 деца не можат да посетуваат настава доколку нивните родители сами не најдат решение за тоа.
Во Законот за основно образование, член 19, е регулирано како се бираат образовни и лични асистенти за учениците со попреченост: јавниот повик, селекцијата и изборот на асистент ги спроведува училиште со ресурсен центар, а начинот на кој се бираат и програмата за обука на асистентите ги утврдува министерот, на предлог на БРО; повикот, со претходна согласност од МОН, се објавува во најмалку два дневни весници; селекцијата на асистентите ја прави петчлена комисија од вработените во учелиштето со ресурсен центар, која ја формира директорот на училиштето. Асистентите се вработуваат на определено време, а средствата за нив се од буџетот на МОН.
Огласот за асистенти годинава е распишан на 19 август. Минатата година бил војули и до 8 август биле завршени и интервјуата, па асистентите започнале на 1 септември со работа.
Од ресурсните центри потврдуваат дека е асистентите да се пријават, да го поминат интервјуто и да почнат со работа во во овој перидо од недела до две од кога е распишан огласот.
И Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) реагираше за доцнењето на ангажманот на асистенти во училиштата. Тие апелираа до Министерството за образование и наука (МОН) да ја почитува обврската за обезбедување на правото на образование за секое дете без дискриминација.
Според Правилникот за побарување асистенти, прво треба да помине проценката на службите што работат по Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје и потоа тие треба да одлучат дали на детето му треба асистент, Индивидуален образовен план (ИОП), или модифицирана програма, согласно на неговите можности. По ова основните училишта мислењата на службите ги доставуваат до основните училишта со ресурсен центар (ОУРЦ), според реонот во кој припаѓаат.
Барањата за образовен асистент по правило се доставуваат до крајот на март, ако се работи за деца од второ до деветто одделение, а за првооделенците рокот е до јуни. Потоа ресурсните центри ја тераат постапката со јавен повик. Прво спроведуваат обука и ги вработуваат асистентите на определено време, за тие да бидат подговени до 1 септември.
Образовниот асистент покрива по 4 часа дневно во училиште за ангажман од девет месеци.
Образовни и лични асистенти се ангажираат од 2016 година, преку програмата за општинско корисна работа во соработка со УНДП. Системот за „Образовна асистенција“, со кој асистентите паднаа на товар на државниот буџет, се спроведува од 2021 година, во рамки на измените во Законот основно образование. Тогаш државата обезбеди речиси 60 милиони денари за 500 образовни асистенти. Една година подоцна се ангажирани 750 асистенти. Во 2023 година, имаше вкупно 820 образовни асистенти во основно образование.
И додека чекаат и годинва институциите го решат проблемот и да ја завршат работата, голем дел од родителите сами се обидуваат да им помогнат на своите деца. Дел од нивнемаат друг избор освен да остават работа и да бидат со детето во училиште.
И родителите на средношколците се уште го чекаат инклузивниот Закон за средно образование, за да можат и учениците во средно да добијат асистенти на товар на државата.
Со новиот Закон за средно образование кој се подготвува во моментов, образовни асистенти ќе се ангажираат и во средните училишта, каде досега образовна асистенција се обезбедуваше преку разни проекти на локалните самоуправи и меѓународни организации. Со овие измени државните средни училишта за деца со попречености ќе се трансформираат во средни училишта со ресурсни центри и ќе функционираат на идентичен начин како и основните училишта со ресурсни центри. Тие ќе обезбедуваат кадровска и друг тип на поддршка за редовните средни училишта при организирањето на наставата за учениците со попреченост.
„И покрај напорите на многу организации да обезбедат континуирана стручна поддршка на МОН и МТСП во поглед на децата со попреченост, инклузивното образование и Меѓународната класификација на функционирање (МКФ), коишто се одвиваат повеќе од една деценија, реализацијата на терен не е доволно ефективна. Политиките сè уште се неадекватни, спроведувањето е непотполно, а правата на децата со попреченост и натаму се негираат. Затоа, препораките подолу започнуваат на системско ниво и одат многу подалеку од она што значи само одговорност на УНДП„ се вели во анализа на УНДП за Образовните асистенити во основните и средни училишта.