Објавени телефонски броеви од болниците за информации за повредените пациенти

Отворени се наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7.

Министерството за здравство објави телефонски броеви на кои семејствата може да добијат информации за состојбата на хоспитализираните лица по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Ова се телефонските броеви:


Градска општа болница (ГОБ) „8 Септември“ – 071226764

Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје- 070387115

Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ –  075203026

Отворени се наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7.

Објавена е и распределба на хоспитализираните пациенти:

Детска хирургија – 4

Клиника за пластична хирургија – 11

Клиничка болница Штип – 45

Општа болница Кочани – 30

Св. Наум Охридски – 29

8 Септември – 17

КАРИЛ – 16

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба и тие се смесрени на Детска хирургија – 3, на КАРИЛ – 7, во Градска општа болница – 5 и на Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски– 3

„Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените“, рече Таравари.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 51 лице, 152 се в болница, од кои 18 се во критична состојба.

Загинатите се на возраст од 14 до 25 години, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип, кажа денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимовска.

Директорката кажа дека првиот повик дека има пожар го добиле во 2:48, за 30 минути се екипирала цела болница. Стигнале 70 пациенти, биле со изгореници и со труења од јаглерод моноксид.

Пожарот избувнал на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.

Црвениот крст соопшти дека достави и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички. Возилата на Црвениот крст од програмата за санитетски транспорт се ставени во функција на институциите на системот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни