Филмот на Алек Болдвин, наречен Rust, конечно ќе биде објавен. Поминаа повеќе од три години од кога снимателката на филмот, Халина Хатчинс, трагично ја загуби животот на сетот, а сега конечно е објавен првиот трејлер за филмот.
Во трејлерот го гледаме Болдвин во улогата на одметникот Харланд Раст. Сценариото е поставено во 1880-те години и ја следи приказната за момчето без родители, што го игра Патрик Скот Мекдермот, кое е осуден на смрт откако случајно убил рангер.
Во официјалниот синопсис пишува: „Игром на судбината, неговиот отуѓен дедо Харланд Раст го извлекува од затвор и го води во бегство кон Мексико. Додека бегаат низ немилосрдната дивина, бегалците ги прогонуваат решителниот американски маршал Вуд Хелм (Џош Хопкинс) и немилосрдниот ловец на награди познат како Причер (Тревис Фимел).“
Трејлерот прв го објави магазин People, кој извести дека филмот ќе биде премиерно прикажан на 2 мај во одредени кино сали и на дигитални платформи. Продукцијата на филмот беше завршена во 2023 година, а режисер е Џоел Соуса.
Трагичен инцидент на сетот
Продукцијата на филмот Rust беше прекината во октомври 2021 година, откако Алек Болдвин случајно испука куршум од реквизитен пиштол кој содржел вистински куршум. При тоа трагично го загуби животот снимателката Халина Хатчинс, додека режисерот Џоел Соуса беше ранет. Болдвин беше ослободен од обвинувања, додека реквизитерка Хана Гутиерез-Рид беше осудена на 18 месеци затвор во април 2024 година за убиства по небрежност.
Филмот беше премиерно прикажан во ноември 2024 година на филмскиот фестивал ЕнергаЦамеримаг во Полска. Мет Хатчинс, сопругот на трагично починатата Халина Хатчинс, стана извршен продуцент на филмот како дел од спогодбата што ја постигна со Болдвин и останатите продуценти по тужбата за убиство од 2022 година.
Џоел Соуса во интервју за Vanity Fair истакна дека завршувањето на филмот било желба на Халина:
„Многу блиску соработувавме. Работата што ја правеше тогаш беше нејзиниот најдобар труд до тогаш, и да сè тоа исчезне… Не очекувам сите да го разберат или да се согласат, но секој дел од мене ми вели дека тоа не смее да исчезне. Не се работи за искористување на трагедијата. Сакам да го споделам нејзиниот труд со светот, да им покажам на луѓето што беше способна да создаде“, рече Соуса.