Објавен новиот роман на Кица Колбе „Простување“ во издание на „Или-Или“

Издавачката куќа „Или-Или“ го објави новиот роман на наградуваната писателка Кица Колбе наречен „Простување“.

По романите „Земја на бегалци“, кој доживеа и второ издание, потоа, „Витезот и Византијката“, како и дополнетото реиздание на „Жените Гаврилови“, Колбе им „подарува“ нов ракопис на верните читатели.

„Сите пребрзо ја забораваат војната. Затоа се повторува“ е поднасловот на книгата во која писателката, плетејќи ја приказната за простувањето, во однос на главниот лик заклучува дека „тие часови на единствената заштитеност во мајчиниот јазик, за него беа во тоа време единственото чувство за татковина“.

Кица Колбе (1951) студирала филозофија на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на естетиката на Теодор В. Адорно, а докторирала на германската естетика од 18-от век. Неколку години работела на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1990-тата се посветува целосно на прозата, особено на романот.

Нејзини дела се: Егејци (Култура, Скопје, 1990), Снегот во Казабланка, (Три, Скопје, 2005 Магор, Скопје, 2007), Жените Гаврилови (Табернакул, Скопје 2008, Или-Или, 2021), Река во наследство, Ein Fluss als Erbe, (Скопје и Лангенфелд, 2009), Витезот и Византијката (Или-Или, 2020), Земја на бегалци (Или-Или, Скопје, 2018, 2023). Снегот во Казабланка е добитник на наградата Роман на годината 2006, а Жените Гаврилови во 2009 г. е номиниран за наградата Балканика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни