Годинава издавачката куќа Артконект го објави романот ,,Собрани дела” од шведската писателка Лидија Сандгрен. За овој роман авторката ја има добиено најпрестижната шведска награда ,,Аугуст” во 2020 година.
,,Собрани дела” зборува за Мартин Берг, писател и сопственик на мала издавачка куќа во Гетеборг, кој запаѓа во сè поголема криза: семејна, економска, средовечна, здравствена. Неговата сопруга мистериозно исчезнува, неговиот најдобар пријател не му одговара на повиците, неговата издавачка куќа тоне во долгови, а се чини дека и неговите деца сè повеќе сакаат да се оддалечат од него. Еден ден неговата ќерка случајно ќе открие трага што може да ја открие тајната за исчезнувањето на мајка ѝ, но одговорите се сосем различни од тие што ги очекува.
Оваа книга е објавена во рамки на проектот „Соочување со неизвесноста: современа европска литература“ што издавачката куќа Артконект го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.
Преводот е на Катерина Јосифоска.