Денеска зЗапочна електронско пријавување за сметување на студентите во државните и приватните студентски домови за учебната година 2025/2026.
Пријавувањето ќе трае до 31 јули и може да се пријават сите студенти од втора и повисоките години и апсолвенти, додека студентите од прва година, односно бруцошите ќе може да се пријават веднаш по завршувањето на уписите во периодот од 10 до 17 септември.
Апликациите за сметување во студентските домови ги пополнуваат по електронски пат на веб страницата на МОН каде треба да ги прикачат потребните документи. Студентите може да конкурираат само за еден студентски дом.
Според конкурсот, слободни се вкупно 4.264 места во домовите во Скопје, Штип, Битола, Тетово, Охрид и Прилеп. Од нив, 851 место се наменети за бруцоши, а 3.413 за студентите од повисоките години.
Најголем број легла се достапни во студентскиот дом „Гоце Делчев“ – 1.212, а 997 легла се достапни во студентскиот дом Пелагонија.
Поради реконструкција на студентските домови „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје тие остануваат затворени, а според најавите, студенти во овие домови ќе може да бидат примени од вториот семестар.