Организаторите го објавија визуелното решение за на 45 тото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи во Битола од 21-27 септември, 2024, Битола.
Од неговото основање во 1979 година, овој фестивал е сведоштво на уметноста на кинематограферите, славејќи го наследството на Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки, инспиративните фигури зад неговото основање.
Ова издание на фестивалот ветува извонредна програма на филмови од етаблирани кинематографери и од нови таленти. Публиката може да очекува ексклузивни премиери, специјални проекции и ретроспективи.
Покрај филмските проекции, фестивалот ќе биде домаќин на привлечни панел-дискусии, работилници и мастер-класови на кои ќе присуствуваат познати личности од индустријата и експерти. Овие сесии ќе обезбедат единствена можност за филмаџиите, ентузијастите и професионалците од индустријата да разменат идеи, да споделат сознанија и да ги прослават различните гласови кои го обликуваат современото кино.
Инициран во 1979 година од Друштвото на филмски работници на Република Македонија (ДФРМ) во соработка со Кинотеката на Македонија, Центарот за култура Битола и градот Битола, по Декларацијата за независност на Република Македонија во 1991 година фестивалот се трансформира во меѓународен и им овозможува на филмовите од целиот свет да влезат во конкуренција за престижните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300. Битола станува глобален центар за најдобрите кинематографери, откривајќи нови таленти кои оттогаш станаа познати експерти на филмската фотографија и естетика.
Покрај наградите во конкуренцијата КАМЕРА 300, фестивалот се гордее и со својот КЛУБ НА ВЕЛИКАНИ. Овој истакнат клуб ги слави лауреатите на Златната камера 300 за животен опус и Специјалната златна камера 300 за посебен придонес во светската филмска уметност.
Низ годините, вонсериски личности како Свен Никвист, ASC, FSF, Виторио Стораро, ASC, AIC, Сер Роџер Дикинс CBE, ASC, BSC и многу други се закитија со овие престижни награди. Фестивалот продолжува да ја препознава извонредноста, оддавајќи им почит и на етаблираните мајстори и на новите таленти кои имаат значителен придонес во светот на кинематограферската уметност.
Посветеноста на фестивалот на извонредноста ја надминува работата на кинематограферите со наградата Специјална златна камера 300. Освен кинематограферите како Кристофер Дојл и Бруно Делбонел значајни добитници се истакнати режисери и продуценти, како и актерките Кетрин Денев Изабел Ипер и Жилиет Бинош, меѓу другите. Оваа награда им оддава признание на филмски професионалци кои оставиле неизбришлива трага во историјата на кинематографијата.
Фестивалот „Браќа Манаки“ ги поканува љубителите на филмот, филмаџиите и професионалците од индустријата да се придружат во оваа незаборавна прилика. Јубилејното 45-то фестивалско издание ќе се наврати на богатата историја на фестивалот, истовремено славејќи го духот на современата кинематографија. Во текот на 7 дена, присутните ќе можат да очекуваат куриран избор на играни филмови, документарци, кратки и студентски филмови кои пленат, инспирираат и се стимул за понатамошно правење филмови.