Објавен официјалниот постер за ПИН 2024

ПИН Конференцијата ќе се одржи од 28 до 30 ноември во МКЦ, Скопје

Објавен е официјалниот постер за ПИН 2024, а дизајнот е на СТЕФАН ТАНКОВ, победник на годинашниот јавен повик за визуелно решение на 11. ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал!

Победничкиот дизајн ја добива наградата во вредност од 30.000 денари.

Наградата која следува до сите апликанти е заедничка изложба на постерите за време на 11-то издание на ПИН.

ПИН Конференцијата ќе се одржи од 28 до 30 ноември во МКЦ, Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни