Нуклеарната централа во Чернобил остана без надворешно напојување со електрична енергија како резултат на рускиот напад, а оштетени беа и далноводите што ги снабдуваат другите нуклеарни централи, пишува Украинска правда .
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека неколку украински електрични трафостаници кои се критични за нуклеарната безбедност биле погодени утрово поради зголемената воена активност. „МААЕ активно ги следи случувањата за да го процени влијанието врз нуклеарната безбедност“, додаде Гроси.
Претходни предупредувања
Во декември, Серхиј Тараканов, директор на нуклеарната централа Чернобил, изјави дека уште еден руски напад би можел да предизвика колапс на внатрешниот штит од зрачење на централата.
„Ако ракета или дрон директно удри во објект, или дури падне некаде во близина, на пример, Искандер, не дај Боже, тоа ќе предизвика мини-земјотрес во областа. Никој не може да гарантира дека заштитната структура ќе остане на место и после тоа. Тоа е главната закана“, рече тој.
