Новиот телефон на Samsung во реално време ќе го преведува разговорот на било кој јазик

Следниот водечки телефон на Samsung, веројатно Galaxy S24, ќе доаѓа со функција наречена Galaxy AI, напојувана од вештачката интелигенција (ВИ) на Samsung, како и од ВИ технологијата базирана на cloud на самиот провајдер.

Овој пакет ќе ја вклучува и функцијата AI ​​Live Translate Call, која ќе овозможи преводи на разговорите, во текстуална форма, во реално време. Во пракса ќе можат да разговараат двајца корисници на тој модел кои говорат различен јазик, иако секој го користи својот.

Се уште нема многу детали за алатката Galaxy AI, освен дека таа „засекогаш ќе го промени начинот на кој гледаме на нашите телефони“, рече Вонџун Чои, шеф за истражување и развој.

Дали Galaxy AI ќе ја вклучи и генеративната Gauss вештачка интелигенција на Samsung, сè уште не е познато.

Извор: klix.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни