Новиот албум на Chemical Brothers, „For That Beautiful Feeling“ е вистинско техно задоволство

Фото: Jim Dyson/Getty Images

Chemical Brothers – едно од најпознатите и најиновативните електронски дуа во светот – се враќаат со нивниот десетти албум For That Beautiful Feeling, објавен преку Virgin Records.

Насловот на албумот совршено ја сумира музиката. Снимен во сопственото студио на бендот, ова е албум кој го лови и го доловува тој див момент кога звукот ве обзема и речиси ве повлекува, но на крајот ви дозволува да се возите неговиот бран, до непознати дестинации. Тоа е албум што точно го означува моментот кога ќе изгубите секаква контрола, каде што се предавате и дозволувате музиката да ве движи.

Секоја песна на For That Beautiful Feeling е родена од желбата да се најде тој момент како од студиото песната да се пренсе на подиумот. Како резултат на тоа, тоа е збирка од музика која е живописно колоритна и самоуверена и длабоко психоделична; невозможна убавина издлабена од бучава и хаос и бескраен флуиден ритам.

Десеттиот албум на дуото потекнува и е создаден за тоа прекрасно чувство – таа трансцендентна состојба што ја предизвикуваат Chemical Brothers како никој друг во модерната музика.  Тоа е The Chemical Brothers во нивното најдобро издание.

For That Beautiful Feeling веќе собра огромен број позитивени оценки. Обсервер напиша: „The Chemical Brothers продолжуваат таму каде што застана No Geography од 2019 година, со бесмислена реафирмација на најголемата сила на танцовото дуо – правејќи главно инструменталениот психоделичен хаус и техно некако да звучат како поп музика. Тоа убаво чувство мора да биде чисто задоволство“.

„Тајмс“ напиша: „Chemical Brothers – по 30 години во бизнисот – цврсто одбиваат да станат дуо кое настапува на стара слава. Со  овие 90 минути тие обезбедија уште една генерација фанови“.

Извор: U Discover Music

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни