Нови значајни вложувања во зелениот кислород

Со цел да се реализира развојот на зелениот водород и обновливата технологија, Египет потпиша седум меморандуми за разбирање со меѓународните програмери во оваа област.

На овој начин Египет ја отвори вратата за инвестиции вредни 40 милијарди долари, се наведува на веб-страницата на Светскиот економски форум (СЕФ).

Инвестицијата треба да се одвива во две фази. Имено, во почетната пилот фаза ќе бидат инвестирани околу 12 милијарди долари во проектите лоцирани во економската зона на Суецкиот канал. После тоа во првата фаза ќе следат дополнителни 29 милијарди долари.

Според извештаите, овој чекор дојде откако Тарек Ел Мола, египетскиот министер за нафта, изјави дека земјата планира обновливите извори на енергија да сочинуваат 60 отсто од нејзиниот енергетски микс до 2030 година.

Оваа земја е добро лоцирана во глобалниот сончев појас. Поточно, во просек има од 9 до 11 сончеви часови во текот на денот, додека облачните денови се многу ретки. Токму тоа го прави да има голем потенцијал да користи обновливи извори на енергија за производство на водород.

Вакви меморандуми и договори има потпишано и Египет во претходните години, со цел да стане центар за зелен водород и обновлива енергија, пишуваат светските медиуми.

Извор: energetskiportal.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни