Нови случаи на мајмунски сипаници, ХЕРА нуди поддршка за преглед и советување

Следете ги симптомите како треска, замор, главоболка; отечени лимфни јазли; осип на лице или гениталии (во форма на дамки, меурчиња, красти)

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА информира дека во државата се регистрирани нови случаи на MPOX (мајмунски сипаници), вирусна инфекција што се пренесува преку близок, вклучително и сексуален контакт.

Оттаму додаваат дека иако може да предизвика непријатни симптоми, болеста е контролирана, излечива и не е причина за паника.

„Следете ги симптомите како треска, замор, главоболка; отечени лимфни јазли; осип на лице или гениталии (во форма на дамки, меурчиња, красти).

Ако имате некој од наведените симптоми или сте биле во близок контакт со лице со MPOX, тогаш обратете се кај нас во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно за доверливо советување, преглед и поддршка.

Закажете термин на телефон: 02/3176-950, или закажете онлајн: hera.org.mk/onlajn-zakazuvanje-pregled“ се наведува во информацијата од ХЕРА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни