Според усогласениот Закон за воена служба, кој треба да стапи на сила на почетокот од следната година, момчињата со наполнети 18 години ќе пополнуваат прашалник за мотивација и ќе поминуваат лекарски преглед. Ова ќе биде задолжително за сите момчиња на 18 години, а постапката ќе започне во 2026 година со Германците родени во 2008 година.
Германската влада се договори за нов концепт на воена служба кој ќе содржи задолжителен преглед на регрутите, но самото служење ќе остане на доброволна основа, соопшти владата, пренесува агенцијата dpa. Сепак, доколку не се пријави доволен број доброволци, германскиот парламент ќе има можност да повика млади во служба по случаен избор.
Новиот концепт предвидува задолжително внесување на сите 18-годишни момчиња во воените регистри. Според Законот за воена служба, кој треба да стапи во сила следната година, момчињата по навршени 18 години ќе мора да пополнат мотивациски упитник и да поминат медицинска проверка. Ова ќе биде задолжително за сите момчиња на таа возраст, а постапката почнува во 2026 година со генерацијата родена во 2008.
Самата воена служба ќе трае шест месеци, од кои три месеци се основна обука. Потоа постои можност за приклучување кон вооружените сили со потпишување договор со германската војска. Следните шест месеци се предвидени за напредна воена обука, а секое понатамошно продолжување значи и дополнителни можности во кариерата.
