Нови пожари во Калифорнија – Гори една од најголемите фабрики за литиумски батерии, евакуирани 1.700 лица

A firefighter battles the Palisades Fire in Mandeville Canyon Saturday, Jan. 11, 2025, in Los Angeles. (AP Photo/Jae C. Hong)

На северот на Калифорнија, во последните два дена, евакуирани се 1.700 лица, а затворени се училиштата, економските објекти и еден од клучните автопати поради ширењето на токсичниот дим кој произлегува од огромниот пожар во една од најголемите светски фабрики за литиумски батерии.

Пожарот во фабриката Mos Lending избувнал вчера, а пожарникарите не го гаселе пожарот, туку чекале тој да се угасне сам. Локалниот медиум Mercury News пренесува дека пожарот денес е уште поголем, но не се проширил надвор од фабричкиот комплекс, рекол портпаролот на округот Монтереј.

Во меѓувреме, неколку десетици евакуирани лица се сместени во привремени прихватилишта, додека другите се сместиле кај пријатели, роднини или се снаоѓаат на друг начин, додал портпаролот.

Фабриката Mos Lending се наоѓа 125 километри јужно од Сан Франциско, и е во сопственост на тексаската компанија Vistra Energy. Во неа се складирани десетици илјади литиумски батерии. Кога овие батерии ќе се запалат, многу е тешко да се изгаси пожарот.

„Ова е катастрофа, еве што се случува“, изјавил раководителот на округот за надзор, Глен Чурч. Меѓутоа, додал дека не очекува пожарот да се прошири надвор од бетонската зграда на фабриката.

Во истата фабрика веќе избувнале пожари во 2021. и 2022. година, два пати поради дефект на системот за гасење на пожари, што довело до прегревање на некои единици на објектот, пренесува Mercury News.

Причината за најновиот пожар сè уште не е позната. Компанијата Vistra соопштила дека веднаш по откривањето на пламенот, целокупниот персонал бил безбедно евакуиран од објектот и дека истрагата ќе започне кога пожарот ќе биде изгаснат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни