Новиот потрес во германската автоиндустрија го погоди и BMW. Производителот на автомобили од Минхен мора да се помири со пад на профитот за минатата финансиска 2024. година. По оданочувањето, компанијата заработила 7,7 милијарди евра, што претставува пад од 37 отсто во споредба со претходната година. Тоа е веќе втор голем пад. Покрај послабата продажба во Кина, компанијата се соочува со проблеми со кочниците кои ги испорачал добавувачот Континентал.
Продажбата, исто така, претрпела значителен пад: 142 милијарди евра означуваат намалување од 8,4 отсто. Сепак, за тековната година, BMW очекува зголемена побарувачка. И покрај оваа ситуација и неодамнешните зголемувања на царините од страна на САД, се очекува дека приходите пред оданочување ќе се вратат на ниво од 2024. година.