Турбуленциите во текот на летот може да бидат застрашувачко искуство. Да се потсетиме само на некои неодамнешни екстремни случаи: на 31 август 2023 година, авион на Делта ерлајнс кој полета од Милано на пат кон Атланта доживеа сериозни турбуленции за при приближувањето до аеродромот Хартсфилд – Џексон, како последица 11 лица беа повредени и транспортирани во болница веднаш по слетувањето; во март оваа година, едно лице почина од повреди здобиени за време на турбуленции на летот од Њу Хемпшир кон Вирџинија; истиот месец неколку патници кои патувале на дестинацијата Остин-Франкфурт беа хоспитализирани откако нивниот авион бил погоден од силни турбуленции во близина на Далс, Вирџинија. Она што загрижува е предвидувањето дека ваквите инциденти можат да станат сѐ почести. Еден американски старт-ап разви иновативна стратегија за укинување на ефектите од турбуленциите врз авионите, во корист на удобноста и безбедноста на летот.
Тимот на американскиот стартап Turbulence Solution
Turbulence Solution развива технологија способна да им помогне на пилотите, патниците и на авионите да поминат низ турбуленции без оштетување. Сè на сè системот е едноставен: кога авионот ќе наиде на особено бурна област, со силни налети на ветер што доаѓаат од различни правци, тој ја менува геометријата на крилата во реално време за да ја одржи стабилноста. Серија сензори за притисок монтирани на надворешната страна на уредот ја детектираат јачината и насоката на струите и динамички ја прилагодуваат положбата на флапсовите, кормилото и параметрите за потисокот на моторите. На овој начин пилотот може да ја одржи планираната рута и да ги избегне отстапувањата, доцнењата и дополнителната потрошувачка на гориво.
Како отприлика функционира системот
Според компанијата, системот е во состојба да ги намали ефектите од турбуленциите за 80% и е особено погоден за примена кај малите авиони кои се почувствителни на промената во воздушните струења, но може да се примени и за големи комерцијални авиони. Технологијата е веќе успешно тестирана за мали туристички авиони. Целта на компанијата сега е да продолжи со истражувањата и да ја прошири примената за патувањето низ воздушните простори да стане поудобно и побезбедно.
Извор: klix.ba