Новак Ѓоковиќ се огласи и јавно ја поддржа борбата на студентите за вистината и правдата која трае скоро еден месец ширум Србија.
Студентите ги блокираа сите факултети во Белград, Нови Сад и Ниш и со денови бараат да се казнат виновниците за злосторството во Нови Сад, кога при падот на надстрешницата на Железничката станица загинаа 15 лица.
Бидејќи сè уште никој не одговарал за злосторството, протестите се радикализирани, а на нив се приклучија и бројни спортисти и јавни личности.
Со студентите застана и најдобриот спортист на сите времиња кој се огласи со порака на социјалните мрежи.
Новак Ѓоковиќ имаше јасна порака:
„Како некој кој длабоко верува во силата на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е важно да се слушне нивниот глас. Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзина најголема сила. Она што сите ние треба да имаме е разбирање и почит. Со вас, Новак“.
Тоа предизвика и лавина на одушевување во коментарите.